Радиоаматерски Сојуз на Македонија
Одлука за висина на членарината
- Детали
- Категорија: Законска Регулатива
- Објавено: 12 Јануари 2019
Врз основа на Статутот на РСМ, ИО на својата редовна седница одржана на 5-ти јануари 2019 година донесе одлука за висина на членарината.
Пристапница и листови за евиденција
- Детали
- Категорија: Законска Регулатива
- Објавено: 12 Јануари 2019
Почитувани,
ИО на РСМ донесе одлука да се ажурира евиденцијата на членовите на РСМ во склад со одредбите на Законот за здруженија и фондации на РМ. Во прилог се дадени обрасци за поединиечни членови и клубови што треба да се пополнат и достават со бараните прилози до ИО, на официјалната Е-маил адреса на РСМ и во оригинал, со лична достава во наредните 30 дена.
YOTA летен камп Софија 2019
- Детали
- Категорија: Разно
- Објавено: 09 Јануари 2019
IARU R1 YOTA оваа година организира 9ти по ред летен камп во близина на Софија, Бугарија од 11-17 Август 2019 година. Секоја федерација членка на IARU може да испрати тим од пет члена, од кои еден е тимлидер. Возраста е од 15-25 години за членовите на тимот, а 18-30 години за тимлидерот.
РСМ ги повикува сите заинтересирани јангстери кои ги исполнуваат условите да ја пополнат приложената апликација и да ја испратат на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
најдоцна до 20ти јануари за да може да се направи селекција. Пријавувањето на тимовите трае до крајот на јануари. Подетално за условите и за програмата на летниот камп на следниов линк https://www.ham-yota.com/call-for-application-youngsters-on-the-air-bulgaria-2019/
Одобрено користење на 5MHz
- Детали
- Категорија: КБ - УКБ
- Објавено: 11 Декември 2018
После поднесеното барање за продолжување на дозволата за користење на бандот од 5MHz, АЕК издаде одобрение за користење на секундарна основа во период од 01.01.2019 до 31.12.2019. Банд планот за користење е даден во прилог со Одобрението.
Декември - месецот на YOTA
- Детали
- Категорија: Разно
- Објавено: 11 Декември 2018
И оваа година РСМ се вклучува во активностите за настанот YOTA (Youngsters On The Air). По наше барање од страна на АЕК, а согласно пропозициите за YOTA издадени се дозволи за два повикувачки знака - Z30YOTA и Z39YOTA.
Со учество во активноста се започна уште првиот ден од месец декември и досега се остварени над 600 врски од Скопје, Штип, Битола, Кавадарци и портабл активирање во близина на Скопје.
Повеќе информации на Фејсбук фан страната YOTA Macedonia
Во прилог може да погледнете слики од активностите.
Резултати од 14то Светско првенство во HST
- Детали
- Категорија: ХСТ
- Објавено: 15 Септември 2017
Од 8-12 септември 2017 во Естергом, Унгарија се одржа 14-тото Светско првенство во HST. Екипата на РСМ беше составена од тројца членови: Младен Марковски, Миле Трајко и Дарко Трајков. Повеќе информации и резултати може да се најдат на официјалниот веб сајт.