Радиоаматерски Сојуз на Македонија
Македонски DX-експедиции во Албанија
- Детали
- Категорија: Z3 - DX Експедиции
- Објавено: 19 Мај 2010
![]() |
Првата DX- експедиција на македонски радиоаматер во Албанија беше реализирана во мај 1994 година од страна на Владо, Z32KV (Z35M). За период од неколку дена од домашните локации на Mајк, ZA1MH и Гени, ZA1B, со користење на повикувачкиот знак ZA/Z32KV одржани се вкупно 1300 радиоврски.
SOTA aктивирање од Голем Кораб, 2764м
- Детали
- Категорија: SOTA - Македонија
- Објавено: 19 Мај 2010
![]() |
Користена е преносна радиоаматерска опрема: радио уред Alinco DX-70T (50 W), батерија за напојување од 12 V, 7 Ah, дипол антена во Inv – Vee конфигурација подигната со 5 м рибарски стап.
Радиоаматерска врска преку месечината на 6 м опсег
- Детали
- Категорија: КБ - УКБ Натпревари
- Објавено: 19 Мај 2010
Радиоамaтерот од Битола, Тодор Тодоровски – Z31RM во 2009 година ја оствари првата радиоаматерска врска на опсегот од 6 м (50 MHz) со одбивање на сигналот од површината на месечината (Earth – Moon – Earth: E-M-E).
Радиоврската е оддржана со претходно закажување со американскиот радиоаматер R. Lance Collister - W7GJ од сојузната држава Монтана, кој во оваа прилика користел предавател со моќност од 1,5 KW и антенски систем составен од 4 х 9 елементи Yagi за 50 MHz, додека Тодоровски за оваа прилика користел скромна опрема составена од 6 елементeн Long Yagi за 50 МHz, подигнато на јарбол висок 6 м, и моќност на предавателот од само 200 W.
WFF активирање од Националниот Парк Маврово , Z3FF-002
- Детали
- Категорија: WFF - Македонија
- Објавено: 18 Мај 2010
![]() |
Активирањето беше реализирано од нашиот највисок планински врв Голем Кораб – 2764 м. За период од околу еден час остварени се вкупно 38 радиоврски на кусобрановите опсези 40м и 20 м, со употреба на максимална излезна моќност од 50 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.
WMA - World Mountain Award
- Детали
- Категорија: WMA - Македонија
- Објавено: 17 Мај 2010
![]() |
WMA (World Mountain Award) во рамките на WFF (World Flora and Fauna) е нова радиоаматерска програма за активирање од планини (ова е значително полесно од SOTA каде што активирањето мора да се изведе од самиот врв со носење на целокупната опрема од самиот оператор).
На светската листа планини ставена е и Македонија (едноставно ги препишале податоците од СОТА елаборатот за врвовите / планините повисоки од 1000 м и им дале соодветни референтни броеви пр. Z3M 01 - 01 Руен - Осогово, Z3M 02 -01 Голем Кораб, i taka do Z3M - 02 -51 Крстовар – Водно).
За разлика од СОТА каде што има строги правила за употреба на батериско, соларно и друго еколошко напојување, во WMA може да се работи и од фиксна локација приклучена на електрична мрежа, од возило и сл. Правилата на WMA сеуште не се преведени од руски јазик. (менаџери се UA3LAFи LZ1ZF)
3V8SS - Експедиција
- Детали
- Категорија: Натпревари
- Објавено: 16 Мај 2010
Во 2008 година од 14 до 29 Мај, Зоран Милев (Z33F) и Момчило Милошев ( Z31MM) беа на експедиција во Тунис. Главната цел беше да се учествува во два натпревари на кратки бранови (EU PSK и CQ WW WPX CW) од радио клубот со повикувачки знак 3V8SS.
Од домакинот Халим беа одлично пречекани и на располагање им беше ставен клубот со сите негови ресурси и луѓе.
Активноста на радио станица беше претежно на RTTY и PSK и се работеше на сите фреквенции освен на 160 м каде што радио клубот не поседуваше дозвола за работа.



