za - ksamilisland3Oд 26. јуни до 2. јули 2011 година во рамките на летниот одмор радиоаматерот Владо – Z35M реализираше радиоаматерска активност на кусобрановите опсези 40/30/20 м со употреба на батериски напојуван радиоуред со максимална излезна моќност од 5 W и едноелементни жичени антени, при што се остварени вкупно 781 радиоврска со 45 DXCC земји.

Двочасовно активирање беше остварено и од ненаселениот остров Ксамил со употреба на излезна моќност од 5 W и жичена вертикална антена со 6 радијали, подигната на самиот морски брег со 5 м рибарски стап.

 Во рамките на програмата WFF – World Flora and Fauna, беше реализирано кусо активирање и од паркот Логара, ZAFF-005.