3v8cbДраган Ачимовиќ - Z38W, работејки минатата година од Тунис го освои првото место во светот и постави нов светски рекорд во едно од најпопуларните радио аматерски натпревари.

На Драган за овој огромен успех му беше потребно да одработи 2265 врски со радио станици од целиот свет и успеа да реализира 805 множители и со тоа да ја пробие магичната бариера од 10 милиони поени.

Претходниот рекорд беше поставен од аргентинецот Хуан Карлос Вико - LU1IV, во 1997 година и изнесуваше 7.7 милиони поени

Второто место го освои познатиот натпреварувач од островот Мартиник, Лорент -FM5BH кој заостана дури 4 милиони поени додека трето пласиран беше Стив - ZC4LI  кој десетина години е многу активен во радиоаматерские натпревари од островот Кипар.