Радиоаматерски Сојуз на Македонија

35 години самостојна и независна Република Македонија

35 години од независноста на Република Македонија — радиоаматерска активност Радиоаматерскиот сојуз на Македонија зеде учество во прославата на јубилејната 35-та годишнина од осамостојувањето на Република Македонија и организираше 15-дневна радиоаматерска активност со специјалниот повикувачки знак Z335MK, на сите радиоаматерски бендови, од 01.09 до 15.09.2026 година.
QSL картичка Z335MK

СПЕЦИЈАЛЕН ПОВИКУВАЧКИ ЗНАК

Z335MK

Радиоаматерски сојуз на Македонија • 01–15 септември 2026

Со пригодни објави на социјалните мрежи и на QRZ.com, на радиоаматерите од целиот свет им беа дадени повеќе информации за причината за користење на специјалниот повикувачки знак и за јубилејната годишнина на еден од најважните настани во историјата на македонскиот народ. На најуспешните радиоаматери од светот и од земјата им беа доделени дипломи, според објавените пропозиции, преку платформата Hamlog.

Во оваа активност учествуваа радиоаматерите:

Работејќи вредно и упорно, воглавно на HF бендовите, со CW, SSB и дигиталните модови на работа, учесниците воспоставија врски со колеги од целиот свет. Како благодарност и признание за вложените напори и труд, Радиоаматерскиот сојуз на Македонија им додели благодарници.

Најголем број врски направија: Кирко Мирчевски Z33B – 2426 врски, Боби Петковски Z33PB – 1166 и Тодор Тодоровски Z31RM – 887. За прв пат во ваква QSO активност се вклучија Владимир Z32CB, Златко Z33Z и Игор Z34SGR.

Одржани се 5685 радиоаматерски врски, со 96 DXCC земји од целиот свет. Кореспондентите освоија 63 дипломи, автоматски издадени преку платформата Hamlog, а логовите се поставени на QRZ.com и LoTW.

Диплома – Z335MK

Диплома Z335MK

Благодарница – Z335MK

Благодарница Z335MK

22.09.2026, Скопје
Радиоаматерски сојуз на Македонија
Ѓоко Ѓорѓевиќ – Z35U, Претседател