Артикли

Z37M - CQ WW WPX SSB 2010

z37m susevo Неколку години наназад ова натпреварување на кратки бранови не будеше некој голем интерес за работа, освен некои поединечни активности на некои членови. Оваа година учеството во истиот беше еден вид едукациски за нашите нови членови од примопредајната секција во средното училиште “Коле Нехтенин” - Штип.

Како по обичај, петокот ни е ден за местење на антените за ниските бандови. На локацијата бевме: Z35X - Крсте, Z35GL - Гого, Z33DGM - Дими и Z36W – Венцо. До попладнето сите антени беа наместени и спремни за работа, Inv.Vee за 1.8 Mhz, Делта луп за 3.5 Mhz, Боб Таил и 2 X Вертикалки за 7 mhz.

Одлучивме да се работи во категоријата М/2 (повеќе оператори - два предаватели) главна причина младите сили да имат што повеќе време за работа на радио станица. Натпреварот го започнаа Гого и Дими а по неколку часа работа ги заменија Z32ID - Игор и Z35T - Др. Озрен кои ни се придружија во текот на вечерта. Во саботата дојдоа Алекс и Бојан, и до недела навечер главен допринос во работата имаа Алекс, Гого, Дими и Бојан.

За прв натпревар во кои учестуваа момците, резултатот е повеке од задоволителен, остварени се околу 2400 врски и скор од околу 4,6 милиони поени. Морам да истaкнам дека беше задоволство да се гледаaт и слушaат коментарите на дечките за и околу натпреварот а пред заминувањето од Сушево прашањето беше "кога е следниот натпревар” ?

Вие сте на: Почетна