На 12.08 2011 год. радиоаматерот Владо, Z35M ја реализираше првата мобилна кусобранова активност од пловен објект на Охридско Езеро.
За период од еден час воспоставени се 74 телеграфски радиоврски на 20 м опсег со употреба на излезна моќност на предавателот од само 5 W и жичена вертикална антена со два радијали, подигната со 5 м рибарски стап прицврстен на чамец.
Активноста беше реализирана во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WLA - World Lakes Award со референтна ознака за Охридско Езеро Z3L-004.
| Следно > |
|---|


