Втората вечер логираме нешто помалку од 600 врски па заедно со одработените врски од првата вечер имаме вкупно 1160. Неделата до крајот на контестот логираме уште 170 врски и завршуваме со конечен резултат од 1330 врски, 31 USA/VE провинција и 71 земја. Сето тоа даде скор од околу 760.000 поени што е наш досега најдобар резултат во овој натпревар !! Останаа неработени повеќе множители ... PJ2T, 9M2AX, PQ0W, YE1C, како и некој држави во состав на САД кои ги слушавме ама не успеавме да ги одработиме (Washington, Nebraska) и други. Заклучивме дека сепак 700/800w. се малку за овој банд. Во секој случај сме задоволни од постигнатото, бидејки претходно спомнав дека е ова нашиот најдобар резултат во овој натпревар па од тие причини и не може а да не сме задоволни.
Од поинтересните врски би ги издвоил ZF2BJ, SU9HP, YV5AMK, JT1CO, А7/M0FGA и неколу PY стaници. Од USA стејтови се работени: Utah, Montana, Nord Dakota, Iowa, Colorado и др. Пред и по натпреварот работени се: 9M2AX, XU7ACY, PY0FF и др.
Екипата за овој натпревар беше во состав Др.Озрен Z35T, Крсте Z35X, Венцо Z36W и Роберто Z3-SWL-1. Морална подршка имавме од Игор Z32ID и Тоне Z36N.