Главната цел на ова дружење беше учеството во SCC RTTY натпреварот кое се одржува на кратки бранови што за младите кавадарчани беше прво учество на натпревар во кој се работи со дигитален начин на работа - RTTY.
Во саботата пред почетокот на натпреварот во 14 часот на гостите од Кавадарци им е одржана кратка обука како се работи во овие натпревари. За време на натпреварот се одработени 1015 врски и освоени се преку 500.000 поени. Резултатот е одличен и се очекува заедничкото учество на кавадарчани и штипјани во овој натпревар да резултира со пласман меѓу првите 3 во светот во категоријата во која зедоа учество.