Алфред Видец е еден од доајените на радиоаматеризмот во Р. Македонија. Првата радиоаматерска класа (Ц) ја положил во 1954 година, а веке наредната година положил Б класа и го добива повикувачкиот знак YU1OA.
Во 1960 година се здобил со А класа и го добива повикувачкиот знак YU5DF.
После неколку години го добива повикувачкиот знак YU5AA, кој го користи се до 1992 година, кога е активен како 4N5AA, а од 1993 година Z31AA.
Во 2000-та година го менува повикувачкиот знак во Z31A, со кој секојдневно е активен на радиоаматерските фреквенции.Алфред Видец е еден од најактивните радиоаматери во Р. Македонија, се вклучува во натпреварите во организација на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија и активно учествува во работата на радиоаматерскиорт сојуз.
Во својот долгогодишен радиоаматерски стаж, активно учествувал во работата на неколку радиоаматерски клуба (YU1BVW, YU1AHI, YU1EXY – како студент, YU5CYZ и Z37FER).
| Следно > |
|---|


