velosiped 1На 22.04 2011 година радиоаматерот Владо - Z35M ja одржа првата мобилна радиоврска од велосипед во Република Македонија со украинската радиоматерска станица со повикувачки знак UR4LQ.

Радио врската е воспоставена со употреба на морзеова азбука на кусобрановиот 20 м фреквентен опсег.


Користена беше стандардна радиоаматерска опрема за работа од издвоени локации која што беше намонтирана на велосипед. Покрај механичката стабилност на целокупниот систем од особена важност е поставувањето на антенски систем со прифатлива ефективност.

 Во оваа прилика се користеше полубранов жичен дипол за 20 м фреквентен опсег со вкупна должина од околу 10 м, кој што беше спирално намотан на рибарски стап со должина од 4,5 метри, напојувана со 50 Ω коаксиален кабел RG-58. За прилагодување на антената на 50 Ω беше користен автоматски антенски прилагодувач од марката LDG. Користен е радиоуред Elecraft K1 со излезна моќност од само 7 W, напојуван со 12 V, 2 Ah батерија.

Ваквиот мобилен систем е со намалана ефективност така што се препорачува користење на поголема излезна моќност. За тастување и отпремување на морзеови знаци се користеше минијатурна педала со магнетна основа Mini Bull Dog која што беше поставена на металното звонче на управувачот или на металниот дел од канцелариската плоча која се употребуваше како држач на лист хартија на која што се запишуваат податоци од одржаните радиоврски.

Одржувањето радиоврски одзема голем дел од вниманието, а тоа посебно е случај кога се користи морзеова азбука, така што безбедното управување со велосипедот може да прествува проблем, па затоа се препорачува да не се користат фреквентни сообраќајници.