WFF - Македонија

z3ff logo 2WFF – World Flora and Fauna е меѓународен радиоаматерски програм воспоставен во 2008 година кој има за цел да поттикне активирање со радиоаматерски станици од национални паркови и резервати, и преку одржувањето радиоврски од овие заштитени подрачја да допринесат кон подигнување на еколошката свест за зачувување на природното наследство.

На WFF листата од Република Македонија се ставени: Галичица Z3FF-001, Маврово Z3FF-002, Пелистер Z3FF-003, Езерани Z3FF-004, Тиквеш Z3FF-005, Плоче - Литотелми Z3FF-006, Шар Планина Z3FF-007, Јасен Z3FF-008, Водно Z3FF-009 и Гази Баба Z3FF-010.

z35by - wma z3m-02 51На 31.10 2011 Дамјан, Z35BY го реализираше неговото прво активирање во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WFF од Парк шума Водно, реф. Z3FF-009, водено важечко и за WMA реф. Z3M-02 51.
Користен е батериски напојуван IC-7000 и Inv-Vee за 20 м опсег на кого што се направени 58 SSB радиоврски.
 
            

za - ksamilisland3Oд 26. јуни до 2. јули 2011 година во рамките на летниот одмор радиоаматерот Владо – Z35M реализираше радиоаматерска активност на кусобрановите опсези 40/30/20 м со употреба на батериски напојуван радиоуред со максимална излезна моќност од 5 W и едноелементни жичени антени, при што се остварени вкупно 781 радиоврска со 45 DXCC земји.

Двочасовно активирање беше остварено и од ненаселениот остров Ксамил со употреба на излезна моќност од 5 W и жичена вертикална антена со 6 радијали, подигната на самиот морски брег со 5 м рибарски стап.

Повеќе...

Logara national parkНа 02.07 2011 година во рамките на програмата WFF – World Flora and Fauna, радиоаматерот Владо - Z35M, реализираше кусо активирање од Националниот Парк Логара, Албанија - ZAFF-005.
За период од половина час со повикувачки знак ZA/Z35M/P остварени се вкупно 33 радиоврски на  20 м кусобранов опсег, со излезна моќност од само 5 W и Inv – Vee дипол антена подигната на висина од 5 метри.

Повеќе...

На 25.04 2011 година за прв пат во рамките на програмата WFF – World Flora and Fauna, радиоаматерот Владо - Z35M реализира кусо активирање од Резерватот Јасен, Z3FF-008. За период од час и половина остварени се вкупно 60 радиоврски на 20м, 30м и 40 м кусобранови опсези, со употреба на максимална излезна моќност од само 7 W  и Inv – Vee  дипол антена подигната на висина од 5 метри.

Повеќе...

На 23.04 2011 година за прв пат во рамките на програмата WFF – World Flora and Fauna, радиоаматерот Владо - Z35M реализира кусо активирање од Парк шумата Водно, Z3FF-009. За период од неколку часа остварени се вкупно 132 радиоврски на 20м, 30м и 40 м кусобранови опсези, со употреба на максимална излезна моќност од само 7 W  и Inv – Vee  дипол антена подигната на висина од 10 метри.

Повеќе...