Ниту ладното време ниту десетици сантиметри снег не можеа да ги сопрат најактивните радио аматери од Скопје да останат во топлите домови.
Во саботата (14.01.2012) Владо, Z35M и Дамјан, Z35BY кои по обичај ја користат секоја прилика да излезат од Скопје и да се појават на радио аматерските фреквенции од локации кои се несекојдневни. Зад овие активности секогаш остануват различни интересни приказни понекогаш зачинети и со рекордни достигнувања во ова наше хоби.
Овој пат се одлучија да се активират од таму кај што и реално можат да излезат со појачаната верзија на Дамјановиот џип а во случај на невреме да имат сигурно засолниште.
Изборот падна на месноста Бункери, на врвот на Водно,WCA реф. Z3-00013. Беше работено едновремено со две поставени радиостаници на оддалеченост од неколку десеттина метри. За период од околу еден час на 30 м - CW и 20 м - SSB одржани се околу 150 врски.
| Следно > |
|---|


