WCA - Македонија

wca logoWCA – World Castles Award е меѓународен радиоаматерски програм воспоставен во 2009 година кој има за цел да поттикне активирање со радиоаматерски станици од тврдини и калиња.

На WCA листата од Македонија се ставени: Струмичкa тврдина – Z3 00001, Скопско кале - Z3 00002, Маркови кули - Z3 00003, Самоилова тврдина - Z3 00004, Кичевско кале - Z3 00005, Штипско кале – Z3 00006, Тетовско кале – Z3 00007, Виничко кале – Z3 00008, Маркови Кули, Водно - Z3 00009, Римска Тврдина, Градиште - Z3 00010, Марков Град, Матка - Z3 00011, Бутела, Хераклеа - Z3 00012 и Бункери, Водно - Z3 00013, Тврдина на река Пчиња - Z300014.

z35m on wca z3-00013Ниту ладното време ниту десетици сантиметри снег не можеа да ги сопрат најактивните радио аматери од Скопје да останат во топлите домови.

Во саботата (14.01.2012) Владо, Z35M и Дамјан, Z35BY кои по обичај ја користат секоја прилика да излезат од Скопје и да се појават на радио аматерските фреквенции од локации кои се несекојдневни. Зад овие активности секогаш остануват различни интересни приказни понекогаш зачинети и со рекордни достигнувања во ова наше хоби.

Повеќе...

wcaa_z35mНа 18.01 2011 год. радиоаматерот Владо, Z35M ја освои дипломата WCA-A која што меѓународниот радиоаматерски програм WCA - World Castles Award ја издава на радиооператори кои што оствариле радиоаматерски активирања од најмалку пет тврдини.

На ден 16.01 2011 год. радиоаматерот Владо, Z35M во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WCA – World Castles Award го реализираше првото активирање од локацијата Бункери на сртот на планината Водно, WCA реф. Z3-00013.
За период од еден час со употреба на батериски напојуван Elecraft K1, со излезна моќност од max 5 W, и Inv – Vee дипол антена подигната со 4,5 м рибарски стап, на 40 м, 30м и 20 м опсези, одржани се вкупно 31 телеграфски радио врски.

Повеќе...

mk vodno invНа ден 15.01 2011 год. радиоаматерот Владо, Z35M во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WCA – World Castles Award го реализираше првото активирање од локацијата Маркови Кули на падините на планината Водно, WCA реф. Z3-00009.
За период од час и половина со употреба на батериски напојуван Elecraft K1, со излезна моќност од max 7 W, и Inv – Vee дипол антена подигната со 5 м рибарски стап, на 40 м, 30м и 20 м опсези, одржани се вкупно 59 телеграфски радио врски.

Повеќе...

Во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WCA - World Castles Award, радиоаматерот Владо, Z35M на ден 09.01 2011 год. по прв пат реализираше активирање од битолско Тумбекафе во близина на археолошкиот локалитет Хераклеа, во чија што непосредна близина се наоѓаат остатоци од тврдината Бутела, WCA реф. Z3-00012.
За период од три часа воспоставени се вкупно 53 CW QSOa на 20 м и 30 м опсег со употреба на батериски напојуван K1 со максимална излезна моќност од 7 W, и Inv Vee дипол антена подигната на 5 м висина.  

Повеќе...