Во првата половина на месец ноември 2011 год. реализирани се SOTA активирања на четири шарпланински врвови со надморски висини над 2500 и 2700 м .
Дамјан, Z35BY самостојно ги активираше Титов врв, Z3/WM-002 и Бакардан, Z3/WM-056, a заеднички со Владо, Z35M се активирани уште и Вртоп, Z3/WM-008 и Кобилица, Z3/WM-004.
Остварени се вкупно 175 радиоврски на 20 м и 17 м фреквентни опсези. Од опрема употребувани се батериски напојувани IC-7000 за фонија, К1 за телеграфија, и Inv - Vee дипол антени за соодветните опсези.
| Следно > |
|---|



