SOTA - Македонија

z3 - sota logoSOTA - Summits On The Air е меѓународна радиоаматерска програма која промовира портабл активности од планински врвови.

 

arm-macedonia.pdf 

z35mz35byВо првата половина на месец ноември 2011 год. реализирани се SOTA активирања на четири шарпланински врвови со надморски висини над 2500 и 2700 м .

Дамјан, Z35BY самостојно ги активираше Титов врв, Z3/WM-002 и Бакардан, Z3/WM-056, a заеднички со Владо, Z35M се активирани уште и Вртоп, Z3/WM-008 и Кобилица, Z3/WM-004.

Остварени се вкупно 175 радиоврски на 20 м и 17 м фреквентни опсези. Од опрема употребувани се батериски напојувани IC-7000 за фонија, К1 за телеграфија, и Inv - Vee дипол антени за соодветните опсези.

Повеќе...

100 sota 4На 24.10 2011 год. со активирање од Црн Врв во билизна на Катланово, реф. Z3/EM-011, реализирано е 100-то SOTA активирање на Владо, Z35M со севкупно 4849 QSOa за две и пол години.

 

Повеќе...

z35m_ss_100_027На 10.12 2010 год. Владо, Z35M ја освои дипломата  Summit to Summit Award - 100 Contacts. Оваа диплома се доделува на радиоматерски оператори кои што како активатори од SOTA планински врвои имаат воспоставено најмалку 100 радиоврски од врв на врв.

ramno z35byНа 08.12 2010 год. радиоаматерите Владо, Z35M  и Дамјан, Z35BY го реализираa првото активирање од  Рамно, 1651 м, највисокиот врв на Скопска Црна Гора, SOTA реф. Z3/ЕМ-006.

За период од околу час и половина воспоставени се вкупно 49 радиоврски на 7 МHz и 14 MHz.

Користена опрема: радиоуреди Elecraft K1 со излезна моќност од 7  W на телеграфија и Icom IC-7000 со излезна моќност од 50 W до 5 W на фонија, 12 V, 7 Ah батерија, LDG автоматски антенски прилагодувач, и Inv-Vee жичен дипол подигнат на висина од 5 м.

Ова беше прво SOTA активирање на Дамјан, Z35BY, и  шеесет и шесто на Владо, Z35M.

Повеќе...

z35m na ljuboten 2498mtrsНа 21.11 2010 год. радиоаматерот Владо, Z35M го реализира првото активирање од Љуботен, 2498 м, SOTA реф. Z3/WM-010, еден од најатрактивните врвови на Шар Планина. Зимските улови на самиот врв овозможија активирањето да трае само 15 минути, но, сепак одржани се 25 КБ радиоврски. Користен е батериски напојуван КБ радиоуред со излезна снага од 5  W и Inv-Vee жичен дипол подигнат на висина од 5 м.

Повеќе...