Интересни Групи

z35m on wca z3-00013Ниту ладното време ниту десетици сантиметри снег не можеа да ги сопрат најактивните радио аматери од Скопје да останат во топлите домови.

Во саботата (14.01.2012) Владо, Z35M и Дамјан, Z35BY кои по обичај ја користат секоја прилика да излезат од Скопје и да се појават на радио аматерските фреквенции од локации кои се несекојдневни. Зад овие активности секогаш остануват различни интересни приказни понекогаш зачинети и со рекордни достигнувања во ова наше хоби.

Повеќе...

z35mz35byВо првата половина на месец ноември 2011 год. реализирани се SOTA активирања на четири шарпланински врвови со надморски висини над 2500 и 2700 м .

Дамјан, Z35BY самостојно ги активираше Титов врв, Z3/WM-002 и Бакардан, Z3/WM-056, a заеднички со Владо, Z35M се активирани уште и Вртоп, Z3/WM-008 и Кобилица, Z3/WM-004.

Остварени се вкупно 175 радиоврски на 20 м и 17 м фреквентни опсези. Од опрема употребувани се батериски напојувани IC-7000 за фонија, К1 за телеграфија, и Inv - Vee дипол антени за соодветните опсези.

Повеќе...

z35by - wma z3m-02 51На 31.10 2011 Дамјан, Z35BY го реализираше неговото прво активирање во рамките на меѓународниот радиоаматерски програм WFF од Парк шума Водно, реф. Z3FF-009, водено важечко и за WMA реф. Z3M-02 51.
Користен е батериски напојуван IC-7000 и Inv-Vee за 20 м опсег на кого што се направени 58 SSB радиоврски.
 
            

100 sota 4На 24.10 2011 год. со активирање од Црн Врв во билизна на Катланово, реф. Z3/EM-011, реализирано е 100-то SOTA активирање на Владо, Z35M со севкупно 4849 QSOa за две и пол години.

 

Повеќе...

za - ksamilisland3Oд 26. јуни до 2. јули 2011 година во рамките на летниот одмор радиоаматерот Владо – Z35M реализираше радиоаматерска активност на кусобрановите опсези 40/30/20 м со употреба на батериски напојуван радиоуред со максимална излезна моќност од 5 W и едноелементни жичени антени, при што се остварени вкупно 781 радиоврска со 45 DXCC земји.

Двочасовно активирање беше остварено и од ненаселениот остров Ксамил со употреба на излезна моќност од 5 W и жичена вертикална антена со 6 радијали, подигната на самиот морски брег со 5 м рибарски стап.

Повеќе...