Во 2002 година Хране Z32A/YT1AD ја организираше неговата најголема експедиција на островот Baker од каде што дотогаш се немаше огласено ниту еден радиоаматер. Поучен од искуствата стекнати на претходните експедиции овојпат ништо не беше препуштено на случајот од техника до тим на прекалени радиоаматери. Експедицијата заврши со феноменален резултат - 95.127 врски беше бројка која што не беше достижна за ниту една дх-педиција претходно. За оваа експедиција еден од учесниците Сречко Морич - YU1DX, напиша мала книга а снимени се и неколку видео материјали. Во интернационалниот тим од Македонија учестуваа Хране Милошевиќ - Z32A/YT1AD, Моме Димовски - Z32ZM и Владо Карамитров - Z35C/ZS6MG.
Македонската Телеграфска Група - MCWG основана е на 14.01.1994 год.
Заклучно со јануари 2009-та во Македонската Телеграфска Група - MCWG се имат зачленето 96 оператори.
На 4-то светско првенство во ХСТ што се одржа во Романија 2001 год. Спасо Марковски освои златни медали во категориите РУФЗ и ПЕД.
1999 та година на третото светско првенство во ХСТ што се одржа во Италија, Младен Марковски освои бронзени медаливо дисциплините ПЕД и РУФЗ.
На 4-то светско првенство во ХСТ што се одржа во Романија 2001 год. Тања Аждерска освои златни медали во категориите РУФЗ и ПЕД.
Од 1994-та година Македонската Телеграфска Група - MCWG е членка на Европската CW асоцијација - EUCW.
На 5-то светско првенство во ХСТ што се одржа во Белорусија 2003 год. Тања Аждерска освои 3-то место во севкупен пласман а второ во категориите РУФЗ и ПЕД.
Првата радиоаматерска врска од независна Република Македонија остварена е во првите минути на 8-ми септември 1991 год. на 40 м опсег помеѓу Владо, YU5KV (Z35M) и британецот Верн, G3IUS.