Историја на РСМ
Во шест и пол децениското постоење РСМ одиграл многу значајна улога во развојот на техничката култура од областа на електрониката и радиокомуникациите во Република Македонија.
Во првиот повоен период членовите на РСМ самите ја конструирале и составувале радиоаматерската опрема со која што започнале да одржуваат радиоврски со радиоаматери од целиот свет.
Со развојот на електронската индустрија се поголем дел од самоградбите се заменуваат со готови радиоаматерски уреди, но, иновативноста како главна одлика на радиоаматерите сега се применува во изработување на дополнителната опрема и антенските системи.
Членовите на РСМ биле првите кои што во светот ја пренеле веста за катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, со што овозможиле што поскоро да пристигне неопходната помош.
Во периодот на воени конфликти во соседството, членовите на РСМ преку одржување радиоврски помогнаа многу раселени семејства да се информираат за своите најблиски.
Во ерата на интернетот и мобилната телефонија, РСМ и натаму има важна улога во промовирањето на радиоаматерските комуникации како интересно хоби, но, и како најсигурен начин на комуникација во вонредни услови.
Овој настан е од огромно значење за членовите на РСМ така што овој ден уште истата година е прогласен за Ден на аматерските радиооператори.


