Радиоаматерски Сојуз на Македонија

РСМ - Радиоаматерскиот сојуз на Македонија е непрофитно здружение на граѓани основанo во 1946 год. кое во континиутет е активно до денешен ден.  Во него членуваат радиоаматерски клубови и индивидуални членови.
РСМ е член на Народна техника на Македонија, како и на ИАРУ –Интернационална радиоаматерска унија.
  
Делокруг на активности на РСМ: популаризација на техничката култура од областа на радиоаматерството, поттикнување, развој и зацврстување на интересот кај децата и возрасните за занимавање со електроника, радиокомуникации, техничко образување и оспособување на членовите за практична примена на електрониката во радиокомуникациите, поттикнување, развој и примена на иновации во областа на електрониката, радиотехниката и телекомуникациите, организирање, координирање и реализација на активности од интерес на радиоаматерите во Република Македонија, организирање и спроведување стручна обука за радиоаматерските специјалности, остварување соработка со домашни државни органи како и со невладиниот сектор, застапување во ИАРУ – Интернационалната радиоаматерска унија, соработка со странски организации на радиоаматери, и други надлежности согласно Статутот.

Седиштето на РСМ се наоѓа во Скопје на адреса: Градски sид, Блок 5.
Поштенска адреса: Радиоаматерски сојуз на Македонија, П.Фах 14, Скопје 1000, Македонија

Претседател: Звонко Стаменков - Z35W
Секретар: Диме Ангелески - Z34AMD
АРГ менаџер: Др. Озрен Спасков - Z35T
ХСТ менаџер: Младен Марковски - Z32M
КБ & УКБ менаџер: Зоран Милев - Z33F
ПР менаџер: Томче Кежаровски
РМЗО: Проф. Др. Дејан Трајковски - Z31RQ
Слободан Богоевски - Z34BDS
Тодор Тодоровски - Z31RM
Зоранчо Крстев - Z35X

j7nИзвештај за работата на QSL бирото за 2010 година.

 

Attachments:
FileFile size
Download this file (qsl 2010.pdf)qsl 2010.pdf48 Kb

3a2ncДетален преглед за работата на бирото изработен во микрософт ексел можете да погледате или снимите од атачментот кој е во соостав на овој текст.